- Правото за промена на условите за користење на EXPO Macedonia ОГЛАСИ го задржува EXPO Macedonia ОГЛАСИ.
- Промената и актуелизацијата на истата може да биде извршена било кога.
- Актуелната верзија секогаш ќе биде достапна на линкот „Услови за користење“ во долниот десен агол на веб страницата.
Одговорност
EXPO Macedonia ОГЛАСИ не гарантира постојана достапност на веб страницата.
Огласите на EXPO Macedonia ОГЛАСИ потекнуваат од корисниците и фирмите.
EXPO Macedonia ОГЛАСИ не дава гаранција за :
- точноста
- квалитетот
- целосноста
- сигурноста
- легалноста на огласите
- како и за комуникацијата помеѓу корисниците.
Сопствена одговорност за содржината
- Корисникот се обврзува дека ќе даде само вистинити податоци во огласот / огласите.
- Користењето на EXPO Macedonia ОГЛАСИ е исклучиво на ризик на корисникот.
- EXPO Macedonia ОГЛАСИ го задржува правото за промена, дополнување или бришење на дел или во целост на огласот / објавата без претходно известување, како и за времено или трајно запирање на огласот / објавата.
- Одговорноста за објавената содржината на огласите, сликите, видео-клиповите, профилите или другите прилози е исклучиво на авторите на објавите / огласите т.е. корисникот - објавувач на оглас.
- EXPO Macedonia ОГЛАСИ не презема никаква одговорност за огласите или прилозите објавени од трети страни, особено во случај на злоупотреба на EXPO Macedonia ОГЛАСИ.
- Со внесувањето / објавувањето на огласот, корисникот го добива правото на користење на текст, слика и видео-клип.
- Поставените фотографии / слики имаат воден жиг на EXPO Macedonia ОГЛАСИ
Заштита на податоците
- Заштитата на Вашите податоци е од највисок приоритет за EXPO Macedonia ОГЛАСИ .
- Со користење на EXPO Macedonia ОГЛАСИ , се согласувате за собирање, обработка и користење на Вашите лични податоци од нашата компанија како одговорен сервер.
- Не е дозволено преку други корисници да се собираат лични информации, како e-mail адреси, или истите да се добиваат на било каков начин без согласност од сопственикот (корисникот).
- Не е дозволено да се копираат, менуваат или прошируваат содржини на туѓи огласи.
Недопуштени содржини
Oсобено е недопуштиво да се даваат огласи со следнава содржина (текст, слики) како понуда, побарувачка или настан на EXPO Macedonia ОГЛАСИ :
- Рекламирање на други интернет страници и фирми, особено веб страници за мали огласи, продавници за е-трговија, аукции на интернет
- Очигледно несериозни и недоволно опишани понуди за работа
- Натпревари, обложувања од секаков вид, вклучително и лото и други игри на среќа
- Кредити, заеми и финансиска поддршка без целосен податок за домашната адреса на кредитната институција
- Инвестиции, хартии од вредност, особено акции
- Платени телефонски броеви како и СМС услуги
- Навредливи, нападни или дискриминирачки изрази
- Расистички, клеветнички, насилни или противуставни содржини
- Нелегални огласи, кои го загрозуваат или повредуваат правото или здравјето на трета страна
- Порнографија, вклучително порнографски и опасни за младината списи и предмети
- Понуди за проституција
- Контакт огласи во име на трета страна
- Наплатливи телефонски услуги или упатување на еротски страници.
- Листи, папки или слично кои ја содржат адресата на производителот, трговецот или снабдувачот
- Огласи на странски јазик без англиски превод.
Недопуштени предмети
Недопуштени предмети како за понуда, така и за побарувачка се:
- Украдени, фалсификувани или неодобрено копирани предмети од било каков вид, тука се вбројуваат и пиратериски продукти
- Дроги и стимуланти во рамките на законот за наркотици
- Радиоактивни супстанци, отрови, пиротехнички производи, експлозиви, како и други хемикалии штетни по здравјето
- Човечки органи, крв и други телесни течности, како и носена долна облека
- Оружје во поглед на законот на оружје, особено огнено оружје и оружје за сечење и прободување од било кој вид, како и муниција
- Службени униформи и пасоши од безбедносни области
- Продукти со ознаки на противуставни организации
Без двојно прикажување на огласите
- Оглас се објавува само еднаш и само на локацијата на понудата или побарувачката.
- Вашиот оглас се појавува на одбраната локација и рубрика и може да се најде преку системот за пребарување.
- Повеќекратно објавување на оглас со идентична содржина - вклучително и во различни региони и рубрики - не е дозволено.
- Овие правила важат исто така и за огласи, кои се разликуваат преку слики и формулации, но кои содржински се идентични.
- Огласи со повеќекратни прилози и слична содржина нема да бидат толерирани и веднаш ќе бидат избришани.
Спам, измама, злоупотреба
EXPO Macedonia ОГЛАСИ не толерира спамови. Масовно создавање на содржински идентични прилози (теми) и / или одговори, значи не е дозволено објавување на исти прилози во повеќе категории. Ако сте вознемирени од спамовите, не се двоумете да не контактирате на: expomacedonia@t-home.mk
Ако најдете необични и навредливи огласи, Ве молиме истите да ги пријавите кај нас. Ако се чуствувате вознемирено, пратете ни ја е-поштата на тоа лице.
Сигурност
Ве молиме пријавете ни сомнителни огласи со можни недопуштени содржини на EXPO Macedonia ОГЛАСИ преку паѓачкото мени во десниот горен агол на објавениот оглас „ОЗНАЧИ КАКО“ или преку е-пошта на expomacedonia@t-home.mk. Така заеднички можеме да се погрижиме да остане неповредена понудата на страниците на EXPO Macedonia ОГЛАСИ.
Исклучување од одговорност за содржината на надворешните интернет страници
На EXPO Macedonia ОГЛАСИ , како и на соодветните поддомени се наоѓаат линкови на екстерни страници на интернет. EXPO Macedonia ОГЛАСИ нема влијание на обликот и содржината на страниците на кои е поврзана. EXPO Macedonia ОГЛАСИ оттука не дава гаранција за актуелноста, точноста, целосноста или квалитетот на таму предвидените информации и со тоа јасно се дистанцира од сите содржини на овие страници. Ова објаснување важи за сите линкови за екстерни страници содржани во EXPO Macedonia ОГЛАСИ , како и за нивните содржини.
Старосна граница
За да можете да ја користите EXPO Macedonia ОГЛАСИ морате да имате наполнето 14 години. Корисници под 14 години на EXPO Macedonia ОГЛАСИ не се прифаќаат.
Престанок, суспензија
EXPO Macedonia ОГЛАСИ го задржува правото да ја прекине или суспендира регистрацијата на корисникот на EXPO Macedonia ОГЛАСИ во секое време, без писмено соопштение, ако истиот, според мислењето на EXPO Macedonia ОГЛАСИ, не тргувал во согласност со условите за користење. Во случај на прекин на регистрацијата, EXPO Macedonia ОГЛАСИ ќе го избрише евентуално креираниот профил на корисникот. Барање на корисникот за бришење на неговиот претходно даден оглас или прилог не постои.
Отстранување на содржини
EXPO Macedonia ОГЛАСИ го задржува правото да ги промени, помести, преработи или избрише огласите и записите на EXPO Macedonia ОГЛАСИ. EXPO Macedonia ОГЛАСИ експлицитно го задржува правото, во секое време да менува, надополнува или брише делови на веб страницата или целата објава без претходна најава, или објавувањето времено или трајно да го запре.